fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

3,144 милијарди евра се планирани во секторот енергетика

АД ЕСМ и Националните енергетски ресурси, се вклучуваат во проектот Александруполис, вредноста е 400 милиони евра, гасна електрична централа од 800 мегавати и 360 милиони евра терминал за природен гас.

Премиерот Зоран Заев го претстави Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, од нив, 3,144 милијарди евра се планирани во секторот енергетика, и тоа во следните проекти:
100 мегавати фотонапонска електрана. Вредност на инвестицијата е 70 милиони евра, ова е постапка која успешно ја завршивме по пат на јавно приватно партнерство или издавање на концесии каде државата бараше најмалку 10% заради земјиштето и обврската за приклучок како и урбанизација на стариот јагленокоп во Осломеј да поставиме 100 мегавати фотонапонска централа со обврска инвеститорите да земат по 1 вработен по мегават односно 100 вработени од Осломеј На крајот добиваме 18% од едната компанија, 18,5% од другата компанија што ги помина сите наши очекувања, но веруваме тоа само ја потврдува Северна Македонија како одлична дестинација за инвестиции во фотонапонски централи.
Проект Александруполис. АД ЕСМ и Националните енергетски ресурси, се вклучуваат во проектот Александруполис, вредноста е 400 милиони евра, гасна електрична централа од 800 мегавати и 360 милиони евра терминал за природен гас. Нашиот удел е 10% во терминалот за природен гас и 25% во гасната централа во Александруполис во којшто ќе инвестираме 32 милиони евра. 178 милиони грант од ЕУ, каде што соодветно припаѓа грантот и на Северна Македонија.
10 мегавати фотонапонски електрани. Сопствена инвестиција на државата 10 мегавати со во Кичево, во Осломеј, завршени се правните постапки изградбата ќе почне неделите пред нас. Следно е одобрение со поддршка на ЕУ и ЕИП од инвестициски фонд за Западен Балкан, 10 мегавати во Осломеј и плус 2 пати по 10 мегавати во РЕК Битола, севкупната вредност на овие инвестиции е околу 28 милиони евра.
Завршени се постапките и дадени се лиценци од страна на државата за трите регионални ветерни паркови, Богданци од 30 мегавати, инвестиција на ЕНЕРГО системи Словенија и Австрија, вредноста е 50 милиони евра.
Влегуваме во втора фаза на историскиот „Чебрен“, инвестиција на АД ЕСМ, по пат на јавно-приватно партнерство. Девет компании поминаа во првата фаза, се работи за инвестиција меѓу 500 и 800 милиони евра, ја квалификувавме како 600 милиони евра каде што очекуваме сериозно учество на АД ЕСМ со повеќе од 30% и веруваме заради условите кои ги нудиме дека овој пат оваа инвестиција ќе успее будејќи е атрактивна и примамлива за многу светски компании, од 9 компании имаме 2 кинески, 2 турски и 5 се европски џиновски компании.
Гасна електрана во РЕК Битола од 200 мегавати, вредност на инвестицијата е 100 милиони евра, ако почнеме навреме со овој проект, веднаш сакаме да надоградиме дополнителни 200 мегавати како втора фаза во севкупниот план за затворањето на термоелектраните кои користат јаглен, во периодот 2028, 2029, 2030 година, согласно европските укажувања.
Вардарска долина во вредноста од 25 милиони евра само за следната трета фаза.
Топловодната мрежа за Битола, Новаци и Могила, проект со КфВ банка, вреден 35 милиони евра е пред избор на изведувач. Очекуваме летото најдоцна есента да почне да се развива топловодната мрежа.
Одржливата или зелената енергија е меѓу нашите приоритети, тоа го потврдува и Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, како и резултатите од меѓународните енергетски организации, каде Северна Македонија е на врвот во регионот по искористеност на обновливи извори на енергија.
Само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати што претставува раст од 10,1% или во рамки на светскиот просек зголемување од 10,3%.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close