fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски: Постигнат е договор за минимална плата од 18 илјади денари

Со мерката се опфатени околу 80 илјади вработени. Соодносот меѓу минималната плата и просечната плата не треба да биде помал од  57 отсто.

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва соопшти дека е постигнат договор за минимална плата од 18.000 денари. Со мерката се опфатени околу 80 илјади вработени. Соодносот меѓу минималната плата и просечната плата не треба да биде помал од  57 отсто.

Постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите со кој 80 илјади граѓани ќе се извлечат над прагот на сиромаштијата. Почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18 илјади денари. Оваа сума значи раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно, рече Ковачевски.

Договорот беше постигнат на денешните разговори меѓу социјалните партнери во рамки на Економско-социјалниот совет.

Оваа мерка ќе ја чини државата 16 милиони евра на годишно ниво.

„Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите“, објави Ковачевски на Фејсбук.

„80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно. Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните“, истакна Ковачевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close