Рурален туризам
Раванија
Овој прекрасен ориентален десерт се подготвува низ целиот Балкан. За разлика од баклавите, тулумбите и слични парени специјалитети, раванијата е колач со лесен вкус што особено е популарен кај децата.
Потребни состојки:
Колач
6 јајца
6 супени лажици шеќер
6 супени лажици гриз
6 лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
Шербет
3 шолји шеќер
3 шолји млеко
3 шолји вода
Подготовка:
- Изматете ги убаво јајцата и шеќерот.
- Сите останати состојки се додаваат со постојано мешање.
- Смесата се истура во замастено тавче на температура од 180 до 200°C, околу половина час (одозгора треба да добие убава светлокафеава коричка).
- Се остава да се излади.
- Од водата, шеќерот и млекото се вари шербет, што не треба да биде премногу густ.
Изладениот колач во тавата го расекуваме на парчиња и внимателно го прелеваме со топлиот шербет. Оставаме убаво да се излади.
Сервирање
По Дојрански обичај, се сервира парче раванија со две до три зелени смокви од слатко и топка млечен сладолед од ванила.