fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

За неколку дена откупени се 18 тони и 362 килограми тутун по просечна цена од 368 ден

На теренот се откупува на 14 ваги и тутун засега купуваат три компании, информира директорот на државниот земјоделски инспекторат Васе Анакиев.

Од почетокот на откупот на тутунот во земјава, до вчера се преземени 18 тони и 362 килограми со просечна цена од 368,33 денари за килограм.

На теренот се откупува на 14 ваги и тутун засега купуваат три компании, информира директорот на државниот земјоделски инспекторат Васе Анакиев.

Досега, најмногу има откупено фирмата „Кавекс Балкан“ која презела 10 тони и 248 килограми по просечна цена од 375 денари што е цената на прва класа килограм откупен тутун. Компанијата „Сокотаб“ откупила 6 тони и 490 килограми по цена од 356, 13 денари, а фирмата „Пашоски“ од кооперантите презела еден тон и 623 килограми и сиот во прва класа од 375 денари.

-Во моментов во земјава тутун се откупува на 14 пункта, од кои на 7 купува „Сокотаб“, на пет пункта фирмата „Кавекс Балкан“, а на два пункта тутун откупува компанијата „Пашоски“. Нема никакви проблеми во досегашниот тек на откупот и се чека да почнат другите компании да го преземаат договорениот тутун од кооперантите, вели Анакиев.

Според Сојузот на тутунски здруженија покрај трите компании кои откупуваат, од понеделник е најавено откупната кампања да ја започнат и компаниите „Секе“, „Алијанс“ и „Италмакс“.

Тутунарите остануваат на ставот дека бараат повисока откупна цена која да не биде во просек пониска од 420 денари за килограм.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close