Рецепт за манастирски природен антибиотик: Моќен лек против инфекции
Тајната е во моќната комбинација на квалитетни природни состојки!
Овој лек има силна антивирусна и антифунгална формула, ја зголемува циркулацијата на крвта и лимфата во сите делови на телото. Одлична е и против кандида. Тајната е во моќната комбинација на квалитетни природни и свежи состојки. Формулата потекнува од средновековна Европа и делува како антибиотик.
Потребни состојки:
-700 мл свеж јаболков оцет
-¼ чаши ситно сецкан лук
-¼ чаши ситно исечен кромид
-2 свежи лути пиперки (внимавајте со чистењето – носете ракавици)
-¼ чаши рендан ѓумбир
-2 лажици рендан рен
-2 лажици куркума во прав или 2 парчиња корен од куркума
Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во сад, освен оцетот. Добиената смеса ставете ја во тегла. Најдобро е 2/3 од теглата да се состои од суви состојки, пополнете го остатокот со оцет. Добро затворете и протресете. Теглата чувајте ја на ладно и суво место 2 недели. Протресувајте ја неколку пати на ден.
Совет: Можете да го користите во кујната – измешајте го со малку маслиново масло и користете го како салата или гарнир.
Дозирање: Не разредувајте го во вода, тоа ќе го намали ефектот. Земете 1 лажица секој ден за зајакнување на имунитетот. Зголемете ја количината секој ден, максимум 1 мала чаша на ден.
Консултирајте се со лекар пред да користите природни лекови.
Извор: Женски магазин