fbpx
Агро бизнисВестиВкусот на традицијатаМакедонијаТоп вести

Рецепт: Преспанско Ѓомлезе

Ѓомлезе под сач

Тесто: 2, 5 кг брашно, 3 супени лажици сол, 1 л јогурт или кисело млеко и млака вода по потреба. од сите овие состојки се прави каша која ќе биде добро измешена, без неразматени гручиња од брашното.

Овој специјалитет се подготвува под сач или вршник.

Тепсијата ( најдобро е во големите бакарни калаисани ) се намастува и се загрева, се турива одприлика четири црпалки од каша и тоа зависи од величината на тепсијата, се попрскува со масло и тепсијата се става под сачот да запечи. Кога ќе запечи првата кора, редоследно се повторува постапката со сите наредни кори додека не се потроши кашата.

Кога ќе се потпече последната кора, ѓомлезето се сечи како баклава, се намастува убаво и се става на пирустија ( троножец) под која има разгорена жар, а одозгора се покрива со вжештениот сач и се остава да врие околу еден час .

Ѓомлезе под сач

Оние кои немаат услови за подготовка во двор, го спремаат во рерна. Се вклучува рерната на најсилно, само на горниот грејач, и решетката од шпретот се поместува најгоре. Кога рерната е веќе загреана, постапката на налевање на корите е иста како под сач. На крај кога ќе ја потрошите смесата, решетката се поместува на средина од рерната, се вклучуваат двата грејачи на шпоретот на 220 степени и се пече на оваа температура 20 минути, додека не поцрвени. Потоа се намалува температурата на 180-190 степени и се остава да врие. Во рерна кашата се прави од 1,5 кг брашно, 2 лажици сол , 1 л јогурт и вода по потреба. Како кашата од стоење се згуснува, се дотурива вода. Кашата не треба да биде нити ретка, нити ептем густа. Се подготвува во плех број 40.

Ѓомлезе подготвено во рерна

Иако, ѓомлезето е убаво подготвено и на двата начини, сепак повеќе се преферира начинот на подготовка под сач.

Неизоставно пробајте да направите!

Рецепт и фото: Емилија Мешуревскаhttps://flashnews.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close