Пофалби за Македонија од Европската комисија за здравје и безбедност на храната

Денеска во Брисел се одржа конференција на тема „Прекугранични болести кај животните во Европа – важноста од меѓународна соработка за одржливо сточарство“, на која што присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.

На конференцијата, Европската комисија за здравје и безбедност на храната, ја пофали Македонија за политиките за справување со болестите кај животните во 2017 година, но и за мерките кои што ги презема во оваа област АХВ, а кои во најголем дел се усогласени со европските регулативи. Следниот месец оваа конференција ќе се одржи во Македонија.


 

24mk

Share Button