На 12. март (вторник), 2019 година, во Струмица, проектот финансиран од Европската Унија“Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), организира регионална работилница за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште.
Работилницата ќе се одржи во Дом на АРМ Струмица, со почеток во 12:30 часот.
На настанот ќе се обратат:
- г-дин Нефрус Челику, Државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Г-ѓа Наташа Љ. Ангелиќ (ФАО), Заменик тим лидер напроектот МАИНЛАНД
Работилницата е дел од овогодинешната кампања за консолидација на земјоделско земјиште која ќе трае во наредните два месеци. Главната цел на работилницата е да се подигне локалната свест и разбирање запридобивките од консолидацијата на земјоделското земјиште. Земјоделци, сопственици на земјиште,земјоделски организации, претставници на села и локални самоуправи, геодетски фирми, претставници од МЗШВ и АПРЗ, како и други важни локални чинители од Источниот и Југоисточниот регион се поканети даприсуствуваат.
Учесниците ќе се информираат за принципите и постапките за консолидација на земјоделско земјиште во согласност со Националната стратегија за консолидација на земјиште (2012-2020) и Законот за консолидација наземјоделско земјиште, како и за тековните активности во рамки на проектот МАИНЛАНД. Сопствениците наземјоделско земјиште ќе бидат исто така информирани како да аплицираат на јавниот повик заизразување интерес за проекти за консолидација на земјоделско земјиште во текот на март и април 2019година.