РЕК „Битола“ ја прекинал соработката со „Марковски компани“
„Марковски компани“ главно се потпира на тендерите во РЕК „Битола“.
Комбинатот РЕК „Битола“ му откажал соработката на фирмата „Марковски компани“, за еден договор заради неисполнување на работните обврски пропишани во тендерот. Оваа информацијата ја дознава https://nezavisen.mk/ од свои извори од комбинатот и испрати официјално прашања до прес службата од каде во текот на денот најавија одговор.
Дознаваме дека фирмата „Марковски компани“ на бизнисменот Борче Марковски веќе имал откажана соработка од РЕК „Битола“ за еден од тендерите бидејќи како што велат нашите извори не ги почитувал договорите и ја исполнувал обврската за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Брод Гнеотино.
Очекуваме официјален одговор од комбинатот за кој договор станува збор, за обврските на изведувачот и каде „потфрлила“ фирмата на Марковски за да се решат на ваков чекор. Како комбинатот во меѓувреме ќе успее да ги регулира потребите од ископ на јаглен и јаловина?
„Независен“ неодамна објави текст дека „Марковски компани“ главно се потпира на тендерите во РЕК „Битола“. Познавачите на бизнис приликите во Битола велат дека на „Марковски компани“ секогаш ѝ успева да понуди најниски цени за тендерите објавени за РЕК „Битола“.