fbpx
ВестиЕкологијаМакедонија

Реконструкција од 3 милиони евра во хидроелектраната Вруток во ХЕС Маврово

Дејствата кои се презедоа со овој проект ќе овозможат драстично намалување на загубите на вода, зголемување на производството, заштита од ерозија на околниот реон, како и заштита на реката Вардар од заматување.

Во хидроелектраната Вруток во рамките на ХЕС Маврово, заврши главниот дел од реконструкцијата за санирање на водостанските шахти.

Овој зафат се провлекуваше како неопходност во АД ЕСМ во последните десет години.

Дејствата кои се презедоа со овој проект ќе овозможат драстично намалување на загубите на вода, зголемување на производството, заштита од ерозија на околниот реон, како и заштита на реката Вардар од заматување.

Со санацијата на вертикалната шахта од Шарскиот довод која заврши пред две недели, а во 2021г. со санацијата  на вертикалните шахти од Јеловски довод, ќе се реши проблемот со загуба на вода што трае од 2010г. и ќе се овозможи поголема стабилност и функционалност на електраната.

Имено, проблемот со појавените извори под затворачница-XIX биле особено изразени во март 2010 г., кога се зголемени од претходните 22 литри во секунда на 62 литри во секунда, за во 2014 да дојдат до  250 литри во секунда и конечно во 2016г. од 350 до 400 литри во секунда.

Во 2017г. менаџментот на АД ЕСМ започна постапка за обезбедување на сите потребни проекти за зафатот да биде издржан и траен во своето решение.

Преку овој зафат, кој е специфичен и тежок за изведување, со значајни издвоени средства, од близу 3 милиони евра,  се изведе санација која ќе овозможи да не се губат повеќе  11 до 12 милиони м3 вода годишно како досега,  или попрецизно како енергија 17 до 18 GWh електрична енергија, кои претставуваат  600 до 700 илјади евра неостварена добивка секоја година, токму поради загубата на вода.

Со овој проект, покрај стабилност на производството, се постигна и безбедност на системот и на човечките ресурси, како и продолжување на работниот век на електраната.

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close