fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Борче Врџовски-Дождовите ја расипаа пченицата

Селата се празнат, а дел од земјоделците се чувствуваат немоќно да се борат со климатските предизвици

Борче Врџовски, земјоделец од Логоварди вели дека климатските промени особено влијаат врз житото.

„Дождовите ја расипаа пченицата. Обилните врнежи на дожд не ѝ дозволија доволно да се опраши. Ја измија. Ако не беше жешкиот бран кој траеше до пред неколку дена уште полошо ќе беше. Сме имале дождови, но помалку одразени со штети кај пченицата, најчесто имавме проблеми со сушна пролет поради што се намалуваа приносите, а не од вода. Обратно е годинава“, вели Врџовски.

 (Фото: СДК.МК)

Мелничарите велат дека цената на житото ја утврдува пазарот, а тие барат да купат што поквалитетно лебно зрно за поисплатлива цена. Додаваат дека земјава за лебно зрно е увозно зависна, домашно жито има сè помалку, па приморани се потребните количини што недостигаат да ги набавуваат од странство. Врз цената на лебот која се движи од 35 денари за векна па нагоре, влијаат и скапите енергенси, работната сила и други трошоци.

Од Министерството за земјоделство, и по четири дена од поставените прашања дали и како можат да влијаат врз откупната цена на житото и колку Македонија е зависна од увоз на жито од Србија, не добивме одговор иако секојдневно на е-пошта ни стигаат информации за неговата активност.

Владата до денес нема донесено одлука дали го прифаќа прелогот на Министерството за земјоделство за дополнителни 3 денари поддршка за продаден килограм пченица кај регистрирани откупувачи во период до 31 август 2023 година. На последните владини седници како поддршка на домашното производство беа донесени неколку одлуки за изменување и дополнување на финансиска поддршка за складирање на земјоделски производи. Станува збор за зголемување на поддршката за складирање за пченица и јачмен од 60 денари на 120 денари по тон за месец, со вклучен ДДВ. Исто така, Владата, ја задолжи Агенцијата за стокови резерви, планираната јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да биде поделена во пет лотови, со продолжен рок на набавката за дополнителни десет дена.https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close