fbpx
Вести

Под закуп ќе се даваат уште 7.000 хектари земјоделско земјиште

Многу скоро ќе има нов оглас за распределување на 7.000 хектари државно земјоделско земјиште.

pod zakup kje se davaat ushte 7 000 hektari zemjodelsko zemjishte

 

Ова го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој објасни дека земјиштето ќе биде распределено до три хектари на лица каде што земјиштето е во близина на атарот на селото и за кои тоа значи егзистенција, а над три хектари површина е за бизниси каде ќе се вработат голем број луѓе. Груевски ги наброја бенефициите од оваа мерка.

„Прво заради зголемување на земјоделското производство, зголемување на извозот, намалување на увозот на земјоделски производи и пред се заради обезбедување егзистенција, а некаде и бизнис за голем број граѓани. Во тој контекст досега се склучени договори со 8.700 лица за давање под закуп на земјоделско земјиште. За споредба во времето на СДСМ се стотина или 120-130 договори и главно на нивни блиски роднини и пријатели. Овој тренд ќе продолжи и понатаму. Се планираат и нови огласи. Можам да потврдам дека се планира распределба на нови 7.000 хектари земјоделско земјиште“ – изјави  Груевски.

Распределбата на земјоделското земјиште ќе продолжи со уште посилно темпо се до моментот додека има земјоделско земјиште кое не е распределено, кое е обработливо и постои интерес за него.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close