fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

РЕСЕНСКИ ГАЗДИ СЕ ОПАРИЈА: Австрискиот гигант за сокови „Раух“ официјално нов сопственик на „Вита-Рес“

Вита-Рес лани имала приходи од 3,8 милиони евра, но и загуба од околу 165.000 евра. Иако се води како основана од 2005, во 2023 настанува со спојување на две друштва - „Агро Трејд 2006“ и „Фруит Џуице“. Дејноста е производство на сокови од овошје и зеленчук, а официјално имала само еден пријавен работник лани.

Австрискиот гигант „Раух“ (Rauch Fruchtsafte GMBH), еден од водечките производители на сокови во Европа, официјално е нов сопственик на ресенската фабрика за преработка на овошје и еден од најголемите откупувачи на јаболка во земјата Вита-Рес.

Сопственикот на брендовите од “Happy Day“ до “Bravo“, “Nativa“ и “Rauch IceTea“ е нов газда од крајот на минатиот месец по завршените процедури и проверката од страна на Комисијата за заштита на конкуренција која беше објавена во јули.

Единствено не е познато колкава компензација добиле од продажбата досегашните локални сопственици Тони Кебиловски и Љупчо Стојчевски, и двајцата од Ресен. Нови управители на Вита-Рес сега се Дитмар Хамерер од Волфурт,  инаку од бордот на директори на самата централа, како и Перица Алексиќ од Белград.

Од она што успеа faktor.mk да го провери, Вита-Рес лани имала приходи од 3,8 милиони евра, но и загуба од околу 165.000 евра. Иако се води како основана од 2005, во 2023 настанува со спојување на две друштва – „Агро Трејд 2006“ и „Фруит Џуице“. Дејноста е производство на сокови од овошје и зеленчук, а официјално имала само еден пријавен работник лани.

Седиштето на компанијата „Вита-рес“ е во Ресен. Станува збор за компанија која е директно активна во секторот за преработка на овошје и производство на производи добиени од обработката на овошјето (овошни концентрати, овошно пире и овошни смрзнати коцки). „Вита-рес“ пласира производи на пазарот во Европа и во Македонија. Вкупниот приход на компанијата остварен во Македонија е поврзан во главно со продажба на полу-готови производи добиени од обработката на овошјето (овошни концентрати, овошно пире и овошни смрзнати коцки).

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close