fbpx
Вести

Почна новата реколта, се чекаат субвенциите

tutun

Тутунарите во земјава ја почнаа новата реколта. Се сади тутунот, се склучуваат договори и нестрпливо се очекува исплатата на субвенциите. Велат- сега им се најпотребни кога има големи трошоци…

Околу 30.000 тутунарски семејства во земјава нестрпливо ги очекуваат субвенциите за откупениот тутун на стартот на новата реколта.

Семејството Пулиќ од Новоселани, долненско со аирлија го почна садењето. Велат, сега им се потребни субвенциите зашто трошоците се големи.

До крајот на месецов тутунарите ќе склучуваат договори со откупните фирми. Интересот за тутунопроизводство е на ланското ниво кога се откупија околу 25.000 тони.

Откупувачите, велат, ја исполнуваат обврската да ги снабдат кооперантите со семенски и репроматеријали.

Македонските тутунари очекуваат да им бидат исплатени околу 25 милиони евра субвенции.


 

мртв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close