fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ристески: Забрана за увоз на тутун се додека не се откупи и последниот лист тутун од македонскиот земјоделец

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува, доколку Владата не го направи ова, во првиот момент кога ќе има мнозинство за тоа, ќе донесе Закон со кој стриктно ќе се забрани увоз на тутун се додека не биде откупен и последниот лист тутун од македонскиот земјоделец.

Деновиве во полн ек е бербата на тутунот, десетици илјади семејства во Македонија, најголемиот дел во Пелагонискиот регион и посебно во прилепскиот, целатата своја чесна работа ја вложуваат токму сега со надеж дека ќе обезбедат пристоен живот, вели пратеникот Петар Ристески.

Во исто време почнува и најголемата грижа на овие луѓе, дали ќе успеат да си го наплатат трудот или Владата ќе ги изигра повторно како што тоа го направи за минатата реколта. Бевме сведоци минатата сезона дека тутунарите беа целосно изиграни и ограбени од страна на откупувачите и Владата, кога килограм тутун беше откупуван по цена од една кутија цигари што не овозможуваше да се покријат и основните трошоци за производство. Токму затоа на самиот почеток на бербата на овогодинешната реколта ја предупредуваме Владата да не се обидува повторно да ги изигра тутунарите.

Ја повикуваме уште од сега, навреме, да не дозволи увоз и шверц на тутун пред да се откупи и последниот лист од домашниот, македонскиот тутун. Дополнително ВМРО-ДПМНЕ се обврзува, доколку Владата не го направи ова, во првиот момент кога ќе има мнозинство за тоа, ќе донесе Закон со кој стриктно ќе се забрани увоз на тутун се додека не биде откупен и последниот лист тутун од македонскиот земјоделец, вели пратеникот Петар Ристески.
https://opserver.mk/politika/risteski-konceptot-na-vmro-dpmne-nudi-izgradba-na-nov-avtopat-od-veles-do-prilep-i-zabrana-za-uvoz-na-tutun-se-dodeka-ne-se-otkupi-i-posledniot-list-tutun-od-makedonskiot-zemjodelec/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close