fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Стапуваат на сила мерките-патувањата не се забрануваат, но да нема големи групирања

Патувањата не се забранети, па во оваа насока, претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р. Жарко Караџовски вели дека не е важно дали Нова година ќе се прослави дома или во викендици по туристичките места, важно е, како што вели да нема групирање, да не се собираат премногу луѓе.

Од денеска стапуваат на сила новите рестриктивни мерки кои ги усвои Владата по препорака од Комисијата за заразни болести, со што стартува кампањата „Празнувај одговорно“.

Патувањата не се забранети, па во оваа насока, претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р. Жарко Караџовски вели дека не е важно дали Нова година ќе се прослави дома или во викендици по туристичките места, важно е, како што вели да нема групирање, да не се собираат премногу луѓе.

-Патувањата не се лимитирани, прославата на Нова година, доколку е одговорна, може да биде каде било во државата, но само доколку е одговорно прославувањето и почитувањето на мерките, во домашни услови, со луѓе што ги познавате и луѓе што и досега ги почитувале мерките за заштита. Не е добро да се групираат луѓе и целта на овие мерки е да се избегнат групирања на поголеми групи луѓе. Ние сме свесни за време на новогодишните празници, но и за верските прослави, како домашни слави, дека може да се соберат поголем број луѓе, дури и да се направи мини-свадба каде што луѓе се собираат со позитивна енергија да слават, а тоа може да прерасне во кластер, посочи д-р Караџовски на последната прес-конференција на која беше најавен стартот на кампањата „Празнувај одговорно“.https://faktor.mk/stapuvaat-na-sila-merkite-lokalite-od-deneska-do-18-chasot-patuvanjata-ne-se-zabranuvaat-no-da-nema-golemi-grupiranja

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close