fbpx
ВестиТоп вести

Родот на вишните намален, но се очекува добра откупна цена

Родот на вишните во земјава е намален минимум за 30 отсто, но производителите и преработувачкиот сектор сметаат дека тоа ќе се компензира со повисоката откупна цена.

Горан Митев менаџер на фирмата „Фруктана“-Штип, која е најголемиот производител и преработувач на вишни во штипско-карбинскиот регион вели дека годинава мразевите го намалиле родот на вишните.

– Родот кај некои овошки ќе биде минимум намален за 30, а кај некои и до 50 проценти во однос на минатата година. Во Македонија во нормални услови има од 7.000 до 8.000 тони производствена суровина на вишни, а оваа година сметам дека ќе има од 4.000 до 5.000 тони, што е доста пониско од нормалното. Во нашиот регион вообичаено преработуваме околу 2.000 тони,а оваа година се надеваме дека нема да бидеме под 1.500 тони вишни, бидејќи ние имаме и подигнато свои плантажи, со што имаме обезбедено суровина за производство, вели Митев.

Смета дека тргнатата забрана од Русија за увоз на македонско коскексто овошје позитивно ќе влијае врз нашата економија, а посебно на извозот на сливите, праските и кајсиите.

-Позитивно ќе влијае тргната забрана на коскести производи од страна на Русија. Затоа што, можеби во делот на вишните ќе нема влијание, но во делот на другото коскесто овошје, како што се сливите, праските и кајсиите, каде што има доста голем извоз за Русија, ова ќе значи многу за нашата држава, рече Митев.

Во изминатите години климатските промени влијаaт врз производството на овошје, но Митев забележува дека ако професионално некој се занимава со овој бизнис ќе има и профит. Бербата на плантажите со вишни во штипско-карбинскиот регион се очекува да почне на 10 јуни. Фирмата „Фруктана“ вишните и производите од вишна ги пласира на пазарите во Франција, Белгија и Германија.


 

vecerpress

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close