fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа-Само за развој на земјоделието ќе се продава државното земјоделско земјиште 

Министерот негира дека земјиштето ќе се продава по багателни цени.

Само за развој на земјоделието ќе се продава државното земјоделско земјиште  според новиот Нацрт-закон кој го усвои Владата, и не ќе може потоа да се пренаменува во градежно земјиште, порача  министерот за земјоделство Арјанит Хоџа од  Битола.

Хоџа негира дека  земјиштето ќе се продава по багателни  цени, по едно евро за квадратен метар, и дека постои можност да се пренамени во градежно и да се даде под концесија за геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини.

-Апсолутно не. Во ниту еден случај нема да се продава земјоделското земјиште онака како што во јавноста се шири дека тоа ќе биди по евтини цени или ќе се продава за после да се пренамени во градежно земјиште. Секоја продажба што ќе се изврши евентуално при донесувањето на законот ќе биде искористена само за развој на земјоделството. Ќе имаме многу заштитни механизми во тој дел и нема да дозволиме некој да злоупотребува, рече Хоџа.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close