fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ристески очекува 420 денари просечна цена за тутунот

Вчера и денеска откупуваат само две компании на 19 ваги

Стартуваше раниот откуп на тутунот. Во првите два дена, откупот се одвива стихијно и со многу слаб интерес и кај тутнопроизводителите, но и кај откупните компании. Од вкупно 10-те откупувачи кои располагаат со 305 ваги, вчера и денеска откупуваат само две компании на 19 ваги. Според новоформираниот Сојуз на тутунски здруженија, слабиот интерес и не е изненадување, бидејќи тоа било така со години наназад при секој почеток на откупот, објави https://alfa.mk

Од вчерашниот ден почеток на откупот најави „Кавекс“, а денеска почеток на откупот најави и „Сокотаб“. За утрешниот ден има најавено „Пашоски“ со отворање на вкупниот број ваги. Во Прилеп се’ уште нема донесено тутун во откупните пунктови, меѓутоа имаме сознанија дека во источниот дел на Македонија и во Пелагонија има однесено тутнун и откупен е сиот во прва класа, со напомена дека откупувачите влажниот и сувиот тутун во моментов не го откупуваат“, – изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.

Што се однесува до годинашните откупни цени, од Сојузот велат дека тие се на ланското ниво, но не се исклучува можноста со анекси на веќе договорените цени тие да бидат зголемени при самиот откуп.

Ние очекуваме 420 ден./кг да биде просечна цена од која мислиме дека тутунопроизводителите ќе бидат колку-толку задоволни за да ги покријат трошоците“, – објаснува Ристески.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close