fbpx
ВестиТоп вести

Руралните заедници во Северна Македонија ќе добијат поттик преку нов проект на ФАО

 

 

Интегриран рурален развој и подобрување на условите за живот во руралните средини ќе биде во фокусот на новиот проектна ФАО што ќе се реализира заедно со МЗШВ.

 

Проектот се спроведува како дел од Регионалната иницијатива на ФАО за зајакнување на малите земјоделски стопанства и семејните фарми з аподобрување на руралниот живот и намалување на сиромаштијата, и се очекува да биде завршен до срединатана 2021 година. Генерално, тој има за цел да ги реши клучните проблеми на руралните жители преку поддршка на малите земјоделски стопанства и семејните фарми да ги подобрат условите за живот, да добијат пристап до пристојна работа и до продуктивно, одржливо вработување.

 

Поконкретно, проектот ќепомогне во градењена капацитетите на МЗШВ, преставниците на регионалната и локалната власт, земјоделските советници и други релевантни чинители – воделот на политиките на земјоделство и рураленразвој, како и во подготовка и спроведување на планови за локален развој за две пилот рурални заедници.

 

За да се постигне програмски пристап кон руралниот развој во СевернаМакедонија, проектот ќе избере две целни заедници во кои спроведување на консолидација на земјоделското земјиште е изводливо и веќе во тек, како што покажаа и неодамна спроведените физибилити студии за консолидација на земјиште во рамките на тековниот проект финансиран од Европскатаунија“Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД),спроведуванод ФАО во соработка со МЗШВ.

 

 

„Целокупниот предизвик не е само да се осигура земјоделскиот и руралниот развој преку зголемена продуктивност и конкурентност на малите фарми“рече Хартвигсен, „туку и да се осигура дека растот станува инклузивен и ќерезултира во подобри услови за живот воруралните заедници, вклучително и за жени и за мажи и за ранливиг рупи во опасност да бидат запоставени”.

 

Во своето обраќање, министерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски – истакна дека:

„Изминатите две години ресорното министерство континуирано работи на креирање на мерки кои што ќе резултираат со подобрување на условите за земјоделско производство во руралнитесредини, што крајно ќе влијае и врз севкупната економија. Преку мерките од Програмата за рурален развој, наменети за општините, тој истакна дека Владата на Република Северна Македонија има обезбедено 38 милиони евра кои општините ќе можат да ги инвестираат во капитални инвестиции за рурална инфраструктура, како и развој на рурален туризам.

 

Димковски истакна дека „со соодветна поддршка и програмски пристап кон руралниот развој, избраните пилот заедници во рамки на новиот проект на ФАО и МЗШВ можат да бидат модел кој потоа би се применувал и во другите делови од земјата, за постигнување одржлив локален развој, обезбедување храна и ублажување на руралната сиромаштија во РепубликаСевернаМакедонија”.

 

Семејните фармипроизведуваат храна за значителен дел од светското население. Развoјот на нивниот потенцијал за производство на квалитетни производи и услуги на одржлив начин е клучно за постигнување на глобалните цели за искоренување на руралната сиромаштија, осигурување на доволно храна за сите и одржлив развој, соопштуваат од канцеларијата на ФАО.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close