Русија најголем извозник на пченица оваа година
Русите повеќе заработуваат на храна, отколку на продажбата на нафта и оружје – Русија ги надмина САД и стана најголемиот извозник на пченица оваа година.
Благодарениe на ембаргото на странски прехрамбени производи, огромните субвенции и слабата рубља, руската земјоделска индустрија започна да донесува се повеќе профит.
Успехот на руското земјоделство се објаснува со фактот дека во последно време Владата настојува да ја минимизира зависноста на Русија од странските пазари.
Освен тоа, значителен поттик на земјоделството даде и судирот меѓу Москва и Анкара и делумната забрана за увоз на турски производи, која стана „благослов за земјоделците“.
Главниот успех на руската прехрамбена стратегија стана рекордната продажба на житарки, наведува агенцијата Блумберг.
Значаен е и висок приносот на пченка, ориз, соја и хељда. Вишокот житарки, заедно со слабата рубља, доведе до тоа приходите од извозот на храна да се поголеми од продажбата на оружје.
Освен тоа, зголемувањето на извозот значително го намали увозот – од 2013 година Русија го намали купувањето на странски прехрамбени производи за 40 проценти.
Русија му придава голема важност на намалувањето на зависноста од странски производи и успешно го трансформира земјоделството во важен извор на економски раст и стабилна вработеност.