fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Разбојник од Дебреште со закана одзел злато и пари од неговата снаа

Разбојништво во Дебреште

На 16.08.2021 година, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.А.(34) од с.Дебреште, општина Долнени и против него до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на 16.08.2021 во 03.50 часот во куќата на С.Р.(55) во с.Дебреште од неговата снаа со закана одзел златен накит и пари. Од судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор, информира СВР Битола.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close