fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМеханизацијаМлад земјоделецТоп вести

Владе Јошевски-Земјоделието е профитабилно, ако се работи професионално

Нови современи земјоделски машини, нови земјоделски култури, нови сорти на семенски материјал, примена на нови агротехнички мерки, сето тоа придонесува до поголема профитабилност, вели младиот земјоделец Јошевски.

Ретки се младите луѓе кои со љубов ја работата земјата оставена од дедо прадедо. Млади и образовани кои имаат визија за новиот начин на производство на земјоделски култури, за прифаќање на новите трендови во земјоделското.

Еден од нив е 26 годишниот Владе Јошевски од Мургашево, Демирхисарско кој има само уште неколку испити пред дипломирање на Шумарски факултет во Скопје. Уште од дете вљубеник во земјоделските машини, вреден, пргав и неуморен.

Ако порано на земјоделецот му беа потребни мускули за да ја обработи земјата со мотика или рало, денес потребни се техника и талент за менаџмент. Особини кои Јошевски ги поседува стекнати со работи.

-Потекнувам од земјоделска фамилија, професионално се занимавам со земјоделие од мојата четиринаесетта година, но желбата за земјоделските машини ја имам од многу мал. Регистриран сум како млад земјоделец, ама земјоделието го работам од љубов, вели младиот Јошевски за „Зелена берза“.

Семејството Јошевски од Мургашево обработува околу 80 хектари површини од кои најголемиот дел засеани со жито околу 50 хектари, пченка околу 25 хектари и тутун. Пред пет години Владе се одлучил да подигне и  насад од лешник на површина од 1 хектар.

-Земјоделието ако се работи професионално е профитабилно и покрај многуте проблеми кои ги имаме ние земјоделците. Ако се пратат светските трендови односно се применуваат нови видови на земјоделска механизација, нови култури на одгледување, нови сорти на семенски материјали, примена на нови агротехнички мерки, сето тоа придонесува до поголема профитабилност, вели Јошевски.

Според кого инвестициите во земјоделието се неопходни.

-Пред пет години додека бев студент на Шумарски факултет во Скопје се запознав со увозник на италијански насад од леска. Имав желба и се нафатив да инвестирам во лески на површина од 1 хектар. Насадивме 500 стебла по стандарди кои ги наложи италијанскиот увозник. Едно стебло чинеше 195 денари со данок. Растојанието на редовите е 5 метра, а од стебло, до стебло 4 метра. Првата година само што ги насадивме во есента, следната пролет поставивме систем капка по капка. Прихраната ја вршиме два пати во текот на годината. По кажувањата на увозникот после шестата година инвестицијата се враќа, а веќе по 10 до 12 година  родот ќе биде „под полна пареа“. Според пресметките на увозникот, ако стеблата се добро третирани родот достигнува до 15 килограми по стебло. Пласманот е обезбеден со цени кои зависат од берзата, но под 2 евра не може да биде еден килограм лешник, зборувам за лешник во лушпа и тоа при берба. Насадот сака и одржување и негување, ако некој мисли дека ќе посади леска и ќе чека да го собере само родот, се лаже. Напротив, секоја инвестиција е вложување која бара труд и посветеност, на крај доаѓа и добивката, вели Јошевски.

Покрај работата на сопствените земјоделски површини Јошевски се занимава и со извршување на услуги како што се жетва, припрема на земјиште, сеење и агротехника.

Како ретко кое земјоделско стопанство, Јошевски располага со бројна земјоделска механизација.

 

-Значи напролет вршиме услуги и на други земјоделци околу садење на тутун, пченка… Тогаш ангажираме и други млади лица да ни помогнат. Работиме во Демирхисарско, Пелагонија, Струшко. За ова работа сме комплетно подготвени со механизација. Моментално имаме 4 трактори марка „Тафе“ и еден масеј Фергусон. Најновиот „Тафе“ од 85 КС го купивме лани. Издржливоста на земјоделската машина за нас земјоделците е клучен фактор. Што значи, комплетно околу житарицата, пченката, тутунот ја  имаме комплетната механизација. Од пред пет години и побарувачката за нашите услуги се повеќе расте. Располагаме со комплетна механизација за подигање и одржување на овошни насади како што се стврдел за дупки за садење на садници, фреза, мулчер, атомизер, овоштарски косачки и друго. Исто така располагаме со комплетна механизација за обработка на почвата плугови, рипер, тањирачи, кримлер, фрези, брани, сеалки за жито и пченка, садачки за тутун, прашачи со депозитори, прскалици, ѓубрерастурачи и друга механизација. Најнова машина што го збогати нашиот возен парк е комбајн марка КЛААС со адаптација за жетва на пченка во зрно и бела жетва. Поголемиот дел на механизацијата го набавуваме од наш познат дилер „Синпекс“ Битола како најреномирана фирма со докажан квалитет пристапни цени и брзи услуги, вели младиот Јошевски.

Овој наш земјоделец веќе е на нивите во подготовка на леите за расад за тутун. Со новата фреза MASCHIO GASPARDO ги почна подготовките за новата реколта.

-Оваа година беше прилично тешка за тутунарите, тутунот беше со послаб квалитет од претходната година, но не толку лош како што го прикажуваа откупувачите. Оваа година имав 3.000 килограми тутун набрано од 1 хектар површина и го предадов цел. Спрема годината и класифицирањето на тутунот јас сум задоволен иако можеше многу подобро.

Сега почнавме со подготовките на расадот во село Света, леите се со широчина од 1 метар и ги правиме со новата фреза MASCHIO GASPARDO набавена во „Синпекс“ Битола. Фрезата со мои мали интервенции и преправки е направена да може директно да ги прави леите без да се копа рачно или да се рамни леата, вели Јошевски.

Плановите на овој млад човек за земјоделието се големи. Засега останува да ги обработува житните култури, тутунот и леските, но како што вели не е исклучено да се испробаат и нови култури.

-Во блиска иднина не гледам промени во културите кои ги обработувам, сепак не се знае.

-Како и секој земјоделец и јас имам планови за поголеми зафати во земјоделието како на пример изградба на сместувачки капацитети за производите кои ги произведувам како силоси, сушари за житни култури и преработка на истите. А главната цел ми е достигнување и комплетно опремување за производство на крајни производи како бренд кој што ќе се користи во секојдневната исхрана и потреба на луѓето и животните.

Анета Блажевска

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close