fbpx
ВестиВино

САД е најголемиот пазар на европските извозници на вина

vina

Во 2016-та година земјите од ЕУ имале извоз на вино од малку над 20 милијарди евра. Речиси половина од оваа трговија сепак е остварена внатре во заедницата, покажуваат податоците на „Евростат“. Минатата година увозот на вино во ЕУ е во вредност од 12,2 милијарди евра, а само 22% од него доаѓа од трети земји.

Извозот на вино надвор од рамките на заедницата е во вредност од 10,1 милијарди евра, а речиси една третина од него отпаѓа на пазарот во САД. Второто место го заземаат Кина и Швајцарија со удел од околу 9% од извозот на вино, следат Канада (8%), Јапонија и Хонг Конг (по 7%).

Титулата на најголем извозник на вино од ЕУ е за Франција. Вкупно – и во трети земји и во ЕУ, земјата е реализирала продажба од 8,2 милијарди евра. Тоа е 41% од вкупниот извоз на заедницата.

Второто место го зазема Италија (5,6 милијарди евра, или 28%), следена од Шпанија (2,7 милијарди евра, или 13% од вкупниот извоз).

Увезените вина од трети земји во ЕУ доаѓаат главно од Чиле (23% од вкупниот увоз), САД и Австралија (по 17%) и Јужна Африка и Нов Зеланд (по 14%).

Најголемиот увозник на вино во ЕУ (како од другите земји на заедницата, така и од трети земји) е Велика Британија. Во 2016-та година Велика Британија има увезено вино за 3,5 милијарди евра, што е 29% од вкупниот увоз на ЕУ. Следува Германија (2,5 милијарди евра, или 20% од вкупниот увоз), покажуваат податоците на „Евростат“.


 

денар.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close