fbpx
Агро бизнисВести

Почна исплатата на ноемвриските пензии

За оние пензионери кои немаат платежни картички, исплатата ќе почне од денес и тоа за пензиите во висина до 11 илјади денари, во понеделник, во банките ќе може да се подигне пензија од 11 илјади до 14 илјади денари, во вторник од 14 илјади до 18 илјади денари, а во среда пензии над 18 илјади денари.

Од денеска започнува исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

За оние пензионери кои немаат платежни картички, исплатата ќе почне од денес и тоа за пензиите во висина до 11 илјади денари, во понеделник, во банките ќе може да се подигне пензија од 11 илјади до 14 илјади денари, во вторник од 14 илјади до 18 илјади денари, а во среда пензии над 18 илјади денари.

– Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи. Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми, потенцираат од Министерството за труд и социјална политика.

Апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close