fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Сакате ли моркови? Еве што треба да знаете

Сакате ли моркови? Еве како да ги одгледувате без грешка

 

Морковите се одличен извор на здравје и скоро сите ги  сакаат и  ги консумираат. Иако станува збор за двегодишна култура, претежно се одгледува како едногодишна, а ако се одгледува за семе, тогаш се одгледува како двегодишна. Овие не се единствените работи што треба да ги знаете за морковите.

Ако почвата е во добра состојба, морковите се едни од најлесните растителни култури што растат во постудени клими. Меѓутоа, ако состојбата на почвата не е добра, тоа ќе доведе до свиткување на коренот, што може дополнително да предизвика оштетување при неговото вадење.

Сеење и садење на морков

Најтешко е да се научи при одгледување морков  како да се избегнат мувите штетници што го напаѓаат морковот. Оваа мува е привлечена од мирисот на лисјата од морков, кој се интензивира секогаш кога се работи нешто околу нив. Идејата  семето да се засади според препорачаната далечина  така што ќе можете да ги заштитите земјоделските култури.

Морковите бараат земја со добра структура без поголеми камења или некои пречки што ќе го спречат растот и развојот на нивните  корени. Почвата треба да биде лесна и песочна ако е можно, неодамна култивирана.

Морковите слабо се борат со плевелите, така што треба да се ослободите од нив колку што е можно повеќе. Ако ги култивирате само за своја потреба, се препорачува подготвените места за моркови да ги оставите за некое време за прво да започнете со плевелите, потоа да го исчистите тој слој од плевелите и само тогаш да ги засадите семето од моркови.

Семето  се засадува  во плитки дупки, длабоки околу 2 см. Растојанието помеѓу растенијата е 3-4см, а помеѓу редовите 20-25 см. Никнувањето би  требало  да започне за околу 17 дена.

Многу е важно да се следат упатствата за растојание за садење, затоа што ако ги засадите премногу блиску ќе  мора да ги ретчите, а  тоа ќе  ја привлече мувата  што го напаѓа морковот.

Бидејќи семето од морков е многу ситно, добро е да се помеша со песок во размер 100: 1, што е околу една четвртина лажичка семе со четвртина чаша песок.

Мува што го напаѓа морковот

Ова е најупорниот и досаден штетник што ќе го најдете при одгледување морков. Нивните бели ларви  се вкопуваат  во коренот на  морковот, го грицкаат и предизвикуваат негово гниење. Речиси е невозможно да се ослободите од нив, но можете да направите многу за да ги избегнете.

Се препорачува да започнете да сеете што е можно поскоро за да ја избегнете првата генерација на муви од морков, некаде при  крајот на мај.

Ретчење

Најдоброто време за ретчење е вечерта.  Мали моркови  треба што е можно побрзо и ефикасно да се отстранат за да не привлечат муви со својот мирис. Не ги оставајте наоколу, палете ги или закопајте ги. Во исто време, можете да го искорнете  плевелот ако забележите дека се појавил.

Плевење и наводнување

Морковите бараат постојано снабдување со вода кога времето е суво. Ако нема доволно вода за една  или две недели , ако  обилно ги налеете, коренот веројатно ќе се подели на две. За да го спречите тоа, налевајте по  малку, но почесто. Поделбата на корените се јавува затоа што со ненадеен прилив на вода морковот почнува нагло  да расте.

Берба и складирање

Бидејќи морковите бараат растресита  почва, лесно се собира. Градинарските лопати можат да послужат за малку да ја олабават почвата околу нив, доколку е потребно. Ако лисјата се скинат, само ископајте го коренот.

Ако имате резерви што не сте  ги изеле, можете да ги ставите во кутија со малку навлажнет тресет или песок и да ги ставите на ладно, темно место за чување. Сите лисја треба да се исечат неколку см  над коренот. Вака морковите ќе може да траат неколку месеци.

 

Извор: Агромедиа

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close