вестиИнтервјуаМакедонијаТоп вести

Само осигуран земјоделец е сигурен земјоделец

 

Климатските промени имаат големо влијание врз идниот развој на земјоделието. Земјоделските производители сè повеќе се изложени на ризици како последица од временски непогоди. Спас од овие ризици може да се најде во осигурување на земјоделското производство. На оваа тема разговараме  со  Александра Петровска Кулевска – Раководител на експозитури и виш соработник на Сектор земјоделие во СН осигурителен брокер АД Битола.

 

З.Б- Секој бизнис има свој ризик. Во земјоделието ризикот од природните неприлики е најголем. Колку  земјоделците стануваат свесни за овој момент?

А.П.Кулевска- Климатските промени земаат се поголем замав. Земјоделците работат во “ФАБРИКА НА ОТВОРЕНО” и кога родот не им е осигуран, претрпуваат огромни штети. Тогаш стануваат свесни дека го изгубиле својот приход. Наместо ваквиот ризикот,  евентуални  штети во земјоделското стопанство  што може да им се случат  некои земјоделци го сфаќаат доста сериозно и се одлучуваат да го осигурат своето производство. Со осигурувањето  може  да бидат сигурни дека нивниот труд ќе им се исплати независно од природните непогоди. .

З.Б-  Што покажуваат бројките, колку земјоделски производители купиле осигурителна полиса од вашата осигурителна куќа и што најчесто осигуруваат ?

А.П.Кулевска-  На пресекот од првото полугодие на  2020 година бројките покажуваат дека  970 земјоделски производители  ни ја дале нивната доверба. До крајот на оваа година очекуваме на СН Осигурителен брокер довербата да му ја дадат уште 300 земјоделци кои ќе ги заштитуваме со соодветна полиса. Од вкупниот број на полиси најчесто е основното земјоделско осигурување  кое опфаќа  ризик: удар од град, удар од гром и пожар, меѓутоа не можеме да не го спомнеме и дополнителното осигурување каде се опфатени ризиците од пролетен мраз, поплава и луња.

З.Б-  Што сè може да осигурат земјоделците?

А.П.Кулевска-  Земјоделците може да осигураат секаков вид на посеви и плодови, почнувајќи од нивните насади со тутун, житарици, овошни и градинарски насади, со еден збор секое растение кое има плод може да се осигура.

З.Б-  Веќе неколку години одредени реони во земјата ги погодува невреме. Колку  од земјоделците искористиле осигурителна полиса за покривање на штетите?

А.П.Кулевска-  Свесни сме дека временските услови се многу непредвидливи, а поради тоа одредени региони често се погодени од невреме, со што се предизвикува огромна штета на насадите. Можам да потврдам дека од најризичниот регион – Преспанскиот на околу 80% од земјоделците им се осигурани овоштарниците кај нас и ја искористуваат полисата за надомест на нивната претрпена штета.

З.Б-  Во вашето повеќегодишно постоење како успевате да ја добиете довербата на земјоделците?

А.П.Кулевска-  Нескромно истакнуваме дека сме лидери меѓу брокерските друштва, а посебно во делот на осигурување на земјоделие. Тоа се должи на нашите осигуреници кои ни ја дале довербата, која се темели на  нашата активна вклученост во донесување на законски мерки и начинот на обештетување на земјоделците.  Функционираме  на тој начин што секогаш сме на страна на земјоделците и ги информираме со можностите што им ги нуди  СН осигурителен  брокер АД Битола. Им помагаме да направат соодветен и правилен избор на осигурување. Важно е што сме дел од секој процес на осигурувањето, од давање на понуда, купување полиса  па се до исплата на штета.

З.Б-  Дали  државната помош за покривање на 60% од вредноста на полисата, влијае кај земјоделците полесно да се одлучат за купување осигурителна полиса?

А.П.Кулевска-  Можам да кажам дека од сите продадени полиси за осигурување 90% од осигурениците ја користат државната помош од 60% од вкупната премија за осигурување, што е од големо значење за нив и тврдам дека таа финансиска поддршка од МЗШВ е за поздравување и вредна за секој земјоделец.

З.Б-  Има ли некои други погодности  што вашата осигурителна куќа им ги нуди на земјоделците?

А.П.Кулевска-  Ние како брокери на земјоделците им нудиме добро и соодветно осигурување, особено кога нивните посеви и плодови се во крајно ризични региони, во кои дел од осигурителните компании избегнуваат соработка за да се заштитат самите од  ризик . Со нас добиваат дополнителна, двојна заштита, комплетно објаснување, без документи со ситни букви. Најважното  што го нудиме за земјоделците е премијата за осигурување да се плаќа на рати без камата. Можам да потврдам дека земјоделците  со нас добиваат пријатели, односно партнери во работата.

З.Б-  Во која насока ќе бидат насочени вашите активности? Со што како осигурителна куќа ќе се наметнете како важен сегмент, алка во синџирот  земјоделско производство?

А.П.Кулевска-  Нашите активности се секогаш насочени кон заштита и поддршка на секој земјоделец, во секој момент, од нивното прво доаѓање кај нас, па се до стекнување на целокупна доверба, со што би не сметале како партнер во нивното производство. Исто така ќе продолжиме со континуирано информирање на земјоделците за тоа, колку е важно за нив, нивните посеви и плодови да бидат заштитени од непредвидените ризици, бидејќи само осигуран земјоделец е сигурен земјоделец  и само добро информиран земјоделец може да се развива.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close