fbpx
ВестиВкусот на традицијатаСовети

Технологија на одгледување на корнишони во затворен простор

Заштитениот простор обезбедува производство со највисоко ниво на контролирани услови што е предуслов за високопродуктивно производство и постигнување врвни резултати, како приноси, така и квалитети обезбедување безбедна храна со примена на добра земјоделска пракса.

Во зависност од материјалот на покривање, заштитениот простор може да се подели на:

А) Пластеници;

Б) Стакленици.

Во пракса пластениците се покриени со трослоен и повеќеслоен полиетилен со многу адитиви за обезбедување термички ефекти, антивирусни ефекти итн. Пластениците можат да бидат тунели или високи пластеници со кровно проветрување.

Стаклениците чиј покривен материјал е стакло, исто така, можат да бидат традиционални – ниски или тип „Венло” и современи високи со придружни компоненти како термички завеси, дополнително осветлување. заштитни мрежи. системи за внесување С02 оросување и др.

И во едните и во другите видови заштитен простор одгледувањето на корнишоните е со вертикално водење на стеблото. Технологиите на одгледување и во двата вида заштитен простор се многу слични и затоа во овој текст ќе ја опишеме технологијата на производство во заштитен простор без да ги диференцираме видовите заштитен простор.

Предности на заштитениот простор за современо одгледување корнишони се:

^ Обезбедување оптимални температурни услови;

^ Намалени температурни колебања и стресови на културата;

^ Одржување поволна влажност;

а Квалитетна прихрана;

^ Полесна заштита на растенијата;

^ Поквалитетна берба.

Рокови на производство во Република Македонија

За производство на корнишони во заштитен простор во пракса се присутни два рока на производство и тоа:

  1. пролетно-летно производство;
  2. летно-есенско производство.

Во пролетно-летното производство ги имаме следниве поттермини:

а)            март-април/одгледување расад;

б)            средината на април/расадување;

в)            мај-август/берба.

Во услови на постоење претходна култура, како на пример: пролетна зелка и нејзино завршно реколтирање до крајот на месец април, овие рокови се поместуваат за три недели, па до еден месец.

Во летно-есенското производство ги имаме следниве поттермини:

а)            јуни – одгледување расад;

б)            јули-расадување;

в)            крајот на август до почетокот на ноември-берба.

Летно-есенското производство на корнишони може да се изврши и со директна сеидба.

Избор на семенски материјал

Една од потешките одлуки на земјоделскиот производител е изборот на семето (хибридот), бидејќи денес на пазарот постојат голем број компании кои нудат хибриди со различни својства. Пред донесувањето на одлуката, препорачливо е земјоделскиот производител да се консултира со стручно лице и врз основа на типот на почвата, макро и микроклимата во определениот регион и планираната продажба се определува кој хибрид ќе биде посеан.

Денес, во современото интензивно производство, земјоделските производители употребуваат единствено партенокарпни хибриди корнишон. Партенокарпните хибриди имаат низа предности, а тоа се:

^ Поголеми приноси;

^ Порана берба за 7-15дена;

^ Сигурност во приносите;

^ Поединечните берби се со поголеми приноси и со поголема продуктивност;

^ Поголема прегледност при берба- та. поради помалата лисна повр- шина.

Мулчирањето како важна агротехничка мерка

Како релативно нова агротехничка мерка која наоѓа голема примена во производството на корнишон во заштитен простор, мулчирањето има низа позитивни страни. Во практиката во примена се два типа на мулч-фолии и тоа темни и метално обоени. Темните мулч-фолии наоѓаат поголема примена во рано пролетното производство. додека пак, метално обоените наоѓаат повеќе примена во летното производство. Пластичната полиетиленска фолија (ПЕ фолија) е со дебелина 0.2 мм – 0.5 мм.

Предности на мулчирањето се:

^ Се постигнува побрзо вкоренување на растенијата;

^ Се решава проблемот со плевелите, односно нема потреба од употреба на хербициди и окопување;

^ Се спречува испзрувањето на вода од почвата;

^ Се спречува преминувањето на инсекти и болести кои презимуваат во почвата во надземниот дел;

^ Се заштедува вода;

^ Се зголемува микробиолошката активност во зоната на кореновиот систем, при што младите растенија побрзо растат и се развиваат;

^ Рефлективната (метално обоена) мулч-фолија се употребува за одбивање на лисните вошки кои пренесуваат вируси при одгледувањето корнишони.

Единствено треба да се внимава да не се наводнува прекумерно, затоа што е намалена потрошувачката на вода при мулчирањето.

Вертикален начин на производство, филизење и отстранување на базалните, физиолошки стари листови

За да осигураме долга и квалитетна берба, како и непрекинато обновување на растението, кај корнишонот тоа се постигнува со на- времено и често филизење, отстранување на базалните, физиолошки стари листови и отстранување на лошите плодови. Кога растението ќе развие 5-6 листа, се пристапува кон врзување на основата на растението со полипропиленски конец најчесто тип 1200 и се врзува вертикално на постојната конструкција во оранжериите. Со вертикалниот начин на производство на корнишони во заштитен простор растението прима поголемо количество светлина потребна за фотосинтеза, има подобра аерација, како и подобро извршување на хемиска заштита, обезбедување чисти плодови и со правилен облик поради гравитационото растење, елиминација на гнили плодови, униформни и униколорни плодови, полесна берба, поголема ефикасност во бербените активности. помал замор кај градинарските работници кои ја вршат бербата, се зголемува животниот век на растението. периодот на плодоносење е подолги поголем е вкупниот принос.

Корнишонот расте неограничено и создава цветови во пазувите на лисјата. Доколку го пуштиме растението слободно да расте, тоа ќе создаде премногу плодови во исто време. На тој начин, исхранетоста на плодовите ќе биде слаба, а со тоа и нивниот квалитет ќе се намали. Затоа, за рационализација и добивање во квалитет и квантитет, се применува резидба или филизење на корнишонот. Отстранувањето на страничните гранки (филизењето) на растението е посебна агротехничка мерка во култивизцијата која се користи само кај вертикалното одгледување. а која обезбедува насочување на растението кон врвот на затегнатата жица со балансирање на лисната маса и плодовите преку главното стебло и страничните гранки. Во праксата постои непишано правило кое гласи:„Повеќе филизење – повеќе и подобра берба”.

Постапката за филизење на корнишоноте следнава:

^ Од 50-70 см висина од почвата на растението се отстрануваат сите цветови и бочни гранки. Со оваа мерка се стимулира развитокот на кореновиот систем;

^ Страничните гранки (филизите) се скратуваат на два листа и еден плод до висина од 1.2 м до потпорната жица. а потоа тие се скратуваат на три листа и два плода;

^ Кога врвот на главното стебло ќе дојде до горната жица, тој по премотувањето се стабилизира со специјален пластичен наведувач и се витка надолу.

Со овој начин на кроење, најголем број од хибридите обезбедуваат приноси 60-80 т/ха во пролетно-летната реколта во високи пластеници или стакленици. Со отстранување на физиолошките стари листови, се зголемува аерацијата, а со тоа се намалува потенцијалната можност од габични заболувања на растенијата.

Извор: Моја земја

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close