ПЕ МЗШВ Битола издаде 2510 евидентни листови

(Oвој напис е објавен на: April 1, 2019)

Согласно законот за тутун и тутунско производство рокот  за издавање на евидентни листови е до  31 март  2019 год.

До 31март  во подрачната единица на МЗШВ Битола се издадени  2510 евидентни листови  за површина од околу 1900 хектари  која се планира да се посади за оваа реколта, соопштуваат од ПЕ МЗШВ.

Се известуваат сите  земјоделски стопанства дека не може  да имаат по два или повеќе Идентификациони броеви во едно домаќинство на иста адреса,  па поради тоа потребно е да се јават до ПЕ на МЗШВ Битола и  целокупното земоделско земјиште и сточарското производство да го спојат во едно семејно земјоделско стопанство .Оваа постапка ќе трае и за време на апликацијата за субвенции 2019 год .

З.Б.

Share Button