вести

Само три проценти од фармите ги исполнуваат стандардите за прва категорија

(Oвој напис е објавен на: декември 14, 2018)

Мал број од фармите со молзни грла ги исполнуваат условите за прва категорија. Ова го покажуваат досегашните резултати од процесот за категоризација на фармите кој го спроведува агенцијата за храна и ветеринарство. Од вкупно регистрираните 4670 фарми,  до први декември годинава официјалните ветеринари посетиле повеќе од половина или  2874 евидентирани одгледувалишта. Најголемиот дел од нив се категоризирани во втора категорија.

,, 3% се категоризирани како прва категорија, околу 70% се втора категорија и останатите 26%  се трета категорија. Активноста е планирано да заврши до крајот на 2020 година, а целта е да се обезбеди прва класа на хигиена на млеко или тоа е според европските стандарди 100 спрема 400, т.е. 100 000 соматски клетки и 400 000 микроорганизми.,, вели ЗОРАН АТАНАСОВ – ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО

Досегашните контроли на терен утврдиле дека  констатираните недоследности може брзо и лесно да се надминат , а фармите од втора да преминат во прва категорија.

,, Оние 70% кои што се втора категоризација им недостасува многу малку за да прејдат во прва категорија. Да речеме хигиена на гумичките на молзните апарати, средствата што се употребуваат несоодветни, не одмастуваат и така банални причини кои што придонесуваат хигиената да биде пониска.,, вели АТАНАСОВ

Одгледувалиштата чие млеко заклучно со 2020 година нема да ги исполни соодветните критериуми и барања за квалитет, млекото ќе може да го преработуваат во тврди преработки.


 

sitel

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close