вестиМакедонијаСоветиТоп вести

САНО- АфиАкт II – систем на нова генерација за најточното откривање на еструс кај кравите

 

Добар менаџмент на плодноста значи кравите да се телат во оптимални интервали како би се производство на млекото одржувало на највисоко можно ниво. Годините на истражувањето и искуството на фармите покажуваат силна и директна поврзаност помеѓу времето на појавата на еструс и зголемената активност кај кравите. Врз база на овие истражувања Афимилк тим го разви АфиАкт , водечки светски аутоматски систем за откривање на еструс.

 Како да се зголеми стапката на гравидитет и да се намалат вкупните трошоци по крава? Со мерењето на одење, одмарање и стоење кај молзните крави и јуници , технологијата на Афиакт со методични сензори и со системот , осигуруваат 24-часовно пратење (со “очите кои никогаш не спијат”), што резултира со стапките на откривање на еструсот кај кравите кои многу ги надминуваат традиционални методи.

Подоброто откривање на еструсот води кон поголема стапка на гравидитетот и помалку отворени денови ; со што се штеди на трошоците за лекови , работа ; заштеди на опсервации , прегледи за стелност и на хормонски терапии .

 За најточното откривање на еструсот

Врз база на широко употребувана АфиАкт технологија ,АфиАкт II систем на нова генерација поставува нови стандарди за точност и чувствителност во откривањето на еструсот.

АфиАкт II системот комбинира екстремно висока чувствителност  со многу ниска стапка на лажна узбуна за откривање на животни кои се во еструс ,а кои другите системи редовно ги промашуваат.

– Целото време ги собира и ажурира податоците кои се врзани за активност и однесување

– Укажува на смалена активност (шепавост и болни крави)

– Осигурува рано откривање на анеструсот , абортуси и циклични пореметувања.

– Ги евидентира причините за водење низ цел животен век на кравата

– Го осигурува индексот на плодноста, стапка на концепција по бик , како и по инсеминатор

АфиАкт II – услуга на известување за телењето

 Повеќекратно наградувана услуга за известувањето за телењето на кравите , користи 24/7 пратење на однесувањето на кравите кое е анализирано со најнапредните алгоритми и имплементирано во АфиФарм менаџмент софтвер.На тој начин се осигуруваат известувањата за телењето со многу висока прецизност.

 АфиАкт II систем на дело

 1 Афи Таг II

     

 АфиТаг II уреди се поставуваат на нога на секое животно заради точното мерење на активностите  одење/одморање/стоење . На секои  15 минути (можност на конфигурација), АфиТаг II безжично праќа ажурирани податоци за активноста преку АфиАкт II Ридер во АфиФарм софтвер за управување со стадото.

 2 Ридер

 

АфиАкт II Ридер кој е инсталиран во штала безжично комуницира и собира податоци пратени од АфиТаг уредот кој е прицврстен за нога на кравата (без разлика да ли кравите се наоѓаат внатре или вон шталата ).

3 АфиФарм софтвер

 

 АфиФарм програма за управување со стадото анализира собрани податоци како би направила извештаи  (кои крави треба да се осеменат, анеструси и абортуси). Податоците исто така можат да бидат достапни на било кој уред кој овозможува web преглед  24ч/ден; 7 дена во неделата; 365 дена во година.

4 Стандардна  Wi-Fi технологија

 Стандардна Wi-Fi технологија и приклучок од канцеларија на фармата на АфиАкт  II Ридерот штала или испустот осигурува непосредна инсталација и лесно управување.

АфиАкт II систем нагласок

 Систем на автоматско откривање на крави кои се гонат значително ја подобруваат стапката на гравидност, плодност на кравите и истовремено ги намалуваат и оперативните трошоци.   Најточен систем на пазарот

Највисока стапка на детекција на еструсот,најниската стапка на лажни тревоги.

Резултатите се ажурираат на секој сат

Овозможено прибирање на податоците за однесувањето на било кој дел од фармата  – неколку стотини метри

Едноставна и лесна монтажа

Wi-Fi рутер

Високо скалабилен,прилагодлив систем

Поддржува било која големина на стадото – од неколку десетини до илјади крави

Овозможена интеграција со Афимилк системот за управување со измузилиште

Достапен на  Web од било кој вид на уредот – смартфон, таблети , или лап топ

Достапен како самостоен систем

АфиАкт II системнагради за иновација:

 World AG Expo, Tulare, CA, SAD – февруари 2017. – TOP 10 најдобри производи

 Агро Фарм 2017, Москва, Русија –  Best Scientific Development Award

Наградата се дава за научни достигнувања  кои содржат темелни нови карактеристики и се разликуваат по својата единственост , иновативност и соодветност за примена во пракса.

 World Dairy Expo . Dairy Herd Innovation Awards

AfiAct II – Calving Alert Service iz AfiMilka

Референтна листа :

  1. ГО-КО фарма, Млака при кочевје, СЛО – 500 HF крави
  2. Конечник фарма, Дравоград, СЛО – 200 HF крави
  3. Хецл фарма, Марибор, СЛО – 50 HF крави
  4. Лобник фарма, Марибор, СЛО – 70 HF крави
  5. Орловњак фарма , Жито група, Осијек, ХР – 1000 HF крави
  6. Мала Брањевина, Жито група, Осијек, ХР – 1000 HF крави
  7. Берак, Жито група, Осијек, ХР – 400 HF јуници
  8. Бештек фарма, Св. Иван Жабно, ХР – 70 крави сименталска раса
  9. Домаќиновиќ фарма, Бошњаци, ХР – 300 HF крави
  10. БиоАдриа, Чепиќ Поље, ХР – 900 HF крави
  11. Ѓиѓо промет, Ѓаково, ХР – 200 HF крави
  12. ОПГ Никола Гргиќ, Ѓаково , ХР – 100 крави сименталска раса
  13. ОПГ Лукиќ , Нашице, ХР – 70 крави сименталска раса
  14. Боројевиќ фарма, Брчко, БИХ – 200 HF i Монтбелиард крави
  15. Фармаланд, Нова Топола, БИХ – 2000 HF крави
  16. ПД Семберија, Бијелјина, БИХ – 300 HF крави
  17. Симиќ фарма, Вршани, БИХ – 100 HF крави
  18. Ристиќ фарма, Пелагиќево, БИХ – 70 крави сименталска и HF раса
  19. Мужлај фарма, Бачко Градиште, СРБ – 200 HF крави
  20. Маго фарма, Милешево, СРБ – 100 HF крави
  21. ПИК Бечеј, фарма Заливно Поље, Бечеј, СРБ – 900 HF крави
  22. Винекс фарма , Лукичево, СРБ – 300 HF крави
  23. Млекопромет фарма, Битола, MK – 100 HF крави
  24. Бутмир фарма, Сарајево, БИХ – 500 HF крави

Александар Христовски

Дипл. Инж. Агроном

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close