fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Шумската полиција, после цели 12 години добиваат нови униформи

Вредноста на набавката изнесува околу 10 милиони денари, средства кои се обезбедени од буџетот на МЗШВ.

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво, се одржа прес – конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и Заменикот на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. На заедничката прес – конференција, тие известија за набавката на новите униформи за потребите на Шумската полиција.
Овластените службени лица во Шумската полиција, после цели 12 години добиваат нови униформи. Секој шумски полицаец, ќе добие по два сета зимска и два сета летна униформа, за чија набавка беше објавен тендер, врз основа на Правилникот за Униформата и видот на оружјето што го носат припадниците на Шумската полиција. Во наредните денови, новите униформи ќе бидат доставени до сите Шумско полициски станици на ниво на цела држава.
Вредноста на набавката изнесува околу 10 милиони денари, средства кои се обезбедени од буџетот на МЗШВ.
Шумските полицајци и понатаму ќе вложуваат максимални напори во борбата за сузбивање на организираните групи на дрвокрадци кои ги пустошат шумите, бидејќи штетите кои тие ги прават не се мерат преку изречените казни, затоа што секое исечено дрво, влијае на многу генерации после нас.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close