fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сашко Василев од Возарци се испроба и во цвеќарството, најубавите хризантеми се во неговите пластеници

Сашко е производител на раноградинарски култури и грозје

Сашко Василев од кавадаречкото село Возарци производител на раноградинарски култури и грозје веќе се испробал и во цвеќарството. И оваа сезона ги има најубавите садници со хризантеми или познати како цвеќина на радоста и среќата. На површина од 500 метри квадратни Сашко насадил над 1000 садници со хризантема, цвеќе кое е особено пополарно во есенските месеци. Засега цвеќињата ги пласира во кавадаречките цвеќари, а вели дека една сакција поголема хризантема чини околу 120 денари.

-Покрај платениците со раноградинарски култури и лозарството се испробавме и со цвеќарството. Сето ова е желба на моите три ќерки кои многу ги сакаат цвеќињата. Почнавме со пролетно цвеќе, па сега со хризантемите, сакаме да се прошируваме вели Сашко за Зелена берза.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close