fbpx
ВестиТоп вести

„Водичарките“ од селото Беранци прогласени за културно наследство од особено значење

 

Женска обредна поворка „Водичарки“ од селото Беранци прогласена  е за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, објави Владата на Р.С.Македонија во Службен весник од 22 јули 2019.

Нематеријалното фолклорно добро „Водичарки“ се фолклорно добро од типот на народна музика и танци, подгрупа на народни танци, тип на обредни ора, поттип на  женски поворки. Водичарките се автентични и не се среќаваат  на друго место во државата. Нивниот танц и обредните песни се карактеристични и се практикуваат за празникот Богојавление. Сега со прогласувањето за културно наследство им се овозможува создавање на услови за опстанок на обредот кој во себе ги обединува црковните и народните обичаи и претставува маркетинг пример за културна симбиоза помеѓу различните културни слоеви, се вели меѓудругото во описот во Службен весник.

Сега за “Водичарките“ се утврдува и режим на заштита од прв степен.  Чување, документирање, собирање на податоци, афирмација на доброто кон јавноста со цел подигање на свеста за значењето на обредот во локалната и пошироката заедница и за стимулирање и негување на слични обреди во други локални заедници.

-Донесена одлука на Влада на Република Северна     Македонија, “Водичарки” с. Беранци општина Могила, прогласени за нематеријално културно добро за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење, објави градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.

Ккао што е познато селото Беранци е едно од ретките места во Македонија, а можеби и единственото, каде по повод големиот христијански празник Водици се практикува овој уникатен обичај наречен „Водичарки“. Водичарките се женска група составена од непарен број на млади девојки кои облечени во празнична носија со икони во рацете го обиколуваат селото и ги пеат водичарските песни во изворна форма како што пред нив ги пееле нивните баби и прабаби. Ваквиот обичај со векови се пренесува од генерација на генерација.

Начин на празнување на Водици претходно Институтот за старословенска култура го оцени како вредно нематеријално културно наследство кое претендира за заштита и од УНЕСКО.

 

А.Блажевска

Слични написи

Back to top button
Close