fbpx
ВестиСовети

Саудиска Арабија продолжува да биде главна дестинација за рoмaнскиот јачмен

Додека извозот на руска пченица одлично напредува и се заканува да ги собори сите количински рекорди, цената на пченицата во оваа земја бележи пад. На тоа треба да се додаде дека, Украина го удвои извозот на пченични трици во ЕУ, а извозот на романскиот јачмен е за петтина повисок од ланскиот.

Извозот на руска пченица во периодот од Јули 2017 до Мај 2018 година на пазарот, беше за 44.6% повисок во однос на истиот период претходната година и изнесуваше 36.2 милиони метрички тони, извести Министерството за земјоделство на Русија. Меѓутоа, според извештајот од Америчкото Министерство за земјоделство, се очекува до крајот на сезоната од страна на Русија, да биде извезено околу 39.5 милиони тони пченично зрно.

Покрај тоа, руските извозници во тековната пазарна година испорачале 4.89 милиони тони пченка, што е зголемување од 9.9% во однос на минатата сезона. Извозот на јачмен изнесуваше 5.16 милиони тони, што е раст од 90% кој се зголемува од година во година, пред се благодарејќи на големата куповност од Саудиска Арабија и Тунис.

Извозните цени на руска пченица продолжија да паѓаат

Цените на руска пченица продолжија да паѓаат во текот на минатите седмици, па така пченицата со 12.5% протеини го заврши тргувањето со пад на цена од 2-3 долари по тон и се продаваше за 210-213 $/тон. Од друга страна, како што известува UkrAgroConsult, пченицата со 11.5% протеини имаше цена од 198-200 $/тон. Треба да се истакне и тоа дека пазарот на извозот е под притисок од успорувањето на продажбата на сточна пченица, а бројот на купувачи опаѓа, па извозниците се почесто преминуваат на трговија со пченично зрно, чија побарувачка расте во 2018 година.

Европската Унија го удвои увозот на пченични трици од Украина

Со порастот на извозот на брашно, понатаму се зголемуваат испораките на житарици од Украина кон странските пазари и покрај падот на производство, во таа земја. Како што пренесува UkrAgroConsult, извозот на пченични житарици во периодот од Јули 2017 до март 2018, беше за 9% повисок од минатосезонскиот и изнесуваше 553,7 илјади тони. Традиционално, Турција сеуште е најголем увозник на украински пченични трици, апсорбирајќи 89% од вкупниот извоз. Треба да се нагласи дека Европската Унија драстично го зголеми увозот и од минатогодишните 4.4 илјади на 10.1 илјади тони. Сличен пораст се забележува и со испораките во Египет, кој купи 8.1 илјади тони во однос на минатосезонските 0.6 илјади тони.

Романија: Извозот на пченица падна за 14%, а извозот на јачмен порасна за 20%

Романија извезе 14% помалку пченица (јули – март 17/18) во однос на минатогодишното рекордно темпо. Во јули испорачале околу 350 илјади тони пченица. Извозот во март годинава, беше за 30% повисок од март 2017 година. Египет останува водечки купувач на романска пченица, со учество од 23% од вкупно извезените количини пченица. Вториот најголем увозник е Шпанија, а треба да се додаде и дека е забележана зголемена побарувачка од страна на Јордан и Судан.

Од друга страна, кога станува збор за јачмен, Романија испорача 20% повеќе отколку во истиот период минатата сезона. Саудиска Арабија продолжува да биде главна дестинација за романскиот јачмен бидејќи таа земја купила 12% повеќе од таа житарица, отколку во минатогодишниот период. Романија извезе 48 илјади тони јачмен на други дестинации и надвор од ЕУ, што претставува скоро 300% повеќе од март во сезоната 2016/17.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close