fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

СДСМ: Антикризните мерки веднаш дадоа резултат

Антикризниот пакет на владата предводена од СДСМ, составен од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра, насочени кон заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството веднаш дава ефекти.

Како резултат на мерката за намалување на ДДВ и акцизата намалени се малопродажните цени на горивата.

Мерката за намалување на маржите во комбинација со мерката за намалувањето на ДДВ на основните прехранбени производи на 0 отсто, исто така, веќе дава резултат.

Во услови на најголемата светска економска и енергетска криза Владата предводена од СДСМ презема мерка, чии ефекти се чувствуваат веднаш.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со ова, ниту со двојното покачување на минималната плата на 18.000 денари, со помошта за ранливите катерогии граѓани во време на криза, зголемувањето на пензиите за 330.000 пензионери, па продолжува со неконстуктивни критики и барање предвремени избори.

Од Белата палата така се однесуваа и во екот на глобалната пандемија, ширеа лажни вести и страв кај граѓаните, и сега, кога има светска економска и енергетска криза продолжуваат со својата деструктивност и неодговорно однесување.

Додека во фокусот на СДСМ е поддршката на граѓаните и на стопанството, единствениот интерес на ВМРО-ДПМНЕ останува тесно партискиот.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close