вести

Реализирана есенската сеидба во Кочанско

(Oвој напис е објавен на: март 3, 2017)

 

realizirana esenskata seidba vo kochansko

Поволните климатски и почвени услови, навремената подготовка на површините за сеидба, примената на потребните агротехнички мерки како и квалитетниот семенски материјал за сеидба, придоносоа есенската сеидба во Кочанско годинава да биде реализирана на 100 проценти од планиераните површини.

Ова е прв пат по низа години планот целосно да биде реализиран на општо задоволство на индивидуланите земјоделски производители и земјоделските стопанства.

– Годинава есенската сеидба е реализирана со 100 отсто во однос на планирањата. За сеидба беа планирани 6.400 ха од кои се насеани 6.396 ха. Најголеми површини се насадени со житни култури 6.196 ха, од кои пченицата на 3,085 ха, рж на 80 ха и есенскиот јачмен на површина од 3,016 ха, истакнуваат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.

Годинава на полињата во кочанско се врати и афионот кој е застапен на површина од 5 ха.

До целосна реализација на планот за есенска сеидба, истакнуваат од подрачната единица на министерството во Кочани, придонесе и навремената жетва на оризот и обработката на површините на кои е засаден и есенскиот јачмен.

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Back to top button
Close