Агро бизнисВестиВиноМакедонијаТоп вести

СДСМ критикува – Серафимовски ги измеша производната и откупната цена на грозјето

СДСМ критикува

Партијата СДСМ критикува – Нов министер, исти лаги – Серафимовски ги измеша производна и откупна цена на грозјето!

Ново име, исти манипулации. Уште на првиот настап новиот министер за земјоделство Борче Серафимовски покажа дека не е способен за функцијата.

Се потврди тоа што СДСМ го зборуваше – реконструкцијата на Владата е само смена на имиња и нема да ги реши проблемите на земјоделците.

Во денешната изјава за производната цена на грозјето, Серафимовски ги измеша лончињата. Наместо производната цена, ја соопшти откупната цена.

Зголемувањето од 25%, не е обврска на Министерството за земјоделство и не се пресметува на производната цена, туку тоа го пресметуваат винариите на откупната цена на грозјето.

Серафимовски свесно ги излажа лозарите, презентирајќи им нереални производни цени. Според неговите пресметки, производната цена на Вранецот е 21,8 денари, а на Смедеревката 20 денари за килограм.

Ова е свесно манипулирање со лозарите за да се прикрие реалната состојба во земјоделството, исто како што тоа го правеше неговиот претходник Трипуновски.

Вистината е дека, кога ќе се одземат овие 25%, кои не се пресметуваат на производната цена, тогаш реалната производна цена за Вранецот би била 17,44 денари, а за Смедеревката 16 денари за килограм.

Овие цени се далеку од исплатливи за лозарите, во услови кога нафтата, вештачките ѓубрива, заштитните средства и работната рака се значително поскапени.

Наместо чесен однос кон лозарите, и новиот министер продолжува по веќе воспоставената матрица на Владата на ВМРО – истите политики, истите манипулации и истото понижување на лозарите.

Јасно е дека со реконструкцијата ниту земјоделците, ниту граѓаните не можат да очекуваат какво било подобрување, мерки или напредок.

Политиките остануваат исти, неспособноста останува иста, а единствено што продолжува да расте се разочарувањето и штетите што Владата им ги нанесува на земјоделците.

Поврзани новости

Може ќе ве интересира
Close
Back to top button