
СДСМ – Мора да создадеме силно село и земјоделци
Земјоделците се жалат на монопол од откупувачите
Мора да создадеме силно село и земјоделци!
Членот на ИО на СДСМ Александар Наумоски со раководството на ОО СДСМ Кичево на саботниот традиционален сточен пазар во Кичево, разговараше со индивидуалните сточари.
-
Сточарите на работ на егзистенција – нема исплата на субвенциите за 2025 по грло, нема премија за млекото од јуни 2025 досега.
Се жалат на монополски позиции на откупувачите, всиоки се цените на концентрираната храна, житариците, вештачките ѓубрива и нафтата кои отидоа во небо. Трошоците за одржување на едно грло добиток се двојно или тројно зголемени, додека откупната цена е ниска.
Поради нерентабилноста, во Македонија има тивок, но масовен егзодус на сточарството.
Цената по која им се откупува млекото или месото е под производната цена. Ова значи дека колку повеќе работат и произведуваат, толку поголеми загуби акумулираат. Македонскиот сточар се наоѓа во шкрипец меѓу скапото производство и евтиниот откуп. Ако не се преземат итни, системски мерки за заштита на домашното производство, Македонија ризикува целосно да остане без домашно млеко и месо и да стане 100% зависна од увоз.




