fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

СДСМ ветува-Износот на повратот за МојДДВ до 2028 година ќе се зголеми на 3.000 денари

Ново, ако скенирате сметки!

Износот на повратот за МојДДВ до 2028 година ќе се зголеми на 3.000 денари.

Веќе неколку години граѓаните добиваат пари од поврат на ДДВ.

„Оваа мерка, која ја воведовме пред речиси 5 години, е уште еден ефикасен механизам за заштита на домашната економија и на државниот буџет, но и мерка преку која вративме близу 150 милиони евра во семејниот буџет на граѓаните МојДДВ продолжува да се бори со сивата економија заедно со граѓаните. Во 2025 година максималниот износ на поврат ќе го зголемиме на 2.400 денари, во 2027 на 2.700 денари, а на крајот на мандатот во 2028 година тој ќе изнесува 3.000 денари месечно“, изјави  заменик претседателката на СДСМ и носителка на листата на СДСМ во третата изборна единица, Сања Лукаревска на денешната промоција на Програма за европска иднина.

Оваа мерка е во интерес на домашната економија и буџетот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close