fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

 Се бараат пазари за јагнето а ако има потреба ќе се носи и интервентна мерка

Во тек се преговори на министерството за надворешни работи со земјите од регионот за да се договорат заеднички протоколи според кои би се овозможило непречен транспорт на стоки. Ова е особено значајно за извозот на јагне кој е веќе започнат а за  кој шпицот се очекува за десетина дена.

Се прават интензивни напори да се откупи и извезе целото понудено јагне. Доколку остане дел неоткупено министерството за земјоделство планира интервентна мерка која или ќе биде во насока на оние кои ќе ги задржат јагнињата или ќе се разгледа некој од предлозите кои попладнево на состанок ќе се преговараат со одгледувачите на јагне во министерството за земјоделство, соопшти министерот  за земјоделство на првата прес конференција без присуство на новинари заради корона вирусот. Во тек се преговори на министерството за надворешни работи со земјите од регионот за да се договорат заеднички протоколи според кои би се овозможило непречен транспорт на стоки. Ова е особено значајно за извозот на јагне кој е веќе започнат а за  кој шпицот се очекува за десетина дена.

-Засега забавено оди извозот на јагне за Италија пред се заради транспортот. Се бараат и други алтернативни пазари покрај традиционалните каде најчесто завршува нашето јагне Хрватска, Србија и Грција. Преку контакти со трговците се прават обиди за алтернативни пласмани во Ирак и Јордан рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Се прават напори целото јагне да се откупи додаде министерот.  Се разгледуваат и интервентни мерки за оној дел што нема да се откупи но засега не се соопштија детали бидејќи тие ќе се договараат дополнително. Во однос на откупот на млеко во Дебар министерот посочи дека таму целосно е надминат проблемот и дека сега еднаш дневно на еден откупен пункт доаѓа камион на млекара која го презема целото количество на измолзено едно дневно количество на млеко кое го измолзиле сточарите од тој регион. Превентивно сите сточни пазари се затворени за да се спречи ширењето на корона вирусот кај луѓето а транспортот и движењето на стоката е дозволено но под услов да ги има сите потребни здравствени сертификати . Во однос на извозот на пченица и брашно министерот посочи дека е донесена одлука за забрана за извоз. Во стоковите резерви има доволно количина на пченица а доволно количина на пченица и брашно имаат и млиновите  кои ја откупиле домашната но и имале и увоз. Од соседна Србија државата не побарала директно увоз на пченица но тамошните извозници кои традиционално пласираат доста пченица и брашно на македонскиот пазар лобирале и најверојатно ќе се повлече забраната за извоз на пченица и брашно од Србија за Македонија. Во однос на активностите на земјоделците во овој период од годината министерот порача дека треба да продолжат нормално активностите околу пролетната сеидба, нивите да се посеат, производите земјоделски нормално и без проблеми да се продаваат по пазарите но со следење на препораките на министерството за здравство за одржување на хигиената и тоа да не се собираат во групи.

З.Б.

Слични написи

Back to top button
Close