fbpx
Вести

Се чистат коритата и одводните канали во Струмичко

nikolovski

Намалувањето на ризиците од можни поплави општина Струмица го постави како еден од главните приоритети. За таа цел веќе се исчистени 3550 метри речни корита и 3250 метри одводни канали од  двете страни во неколку населени места.  Активностите  ги реализираат општинските во соработка со државното претпријатие за водостопанство.  За состојбата на терен и текот на работите денеска се информираше и министерот за земјоделие  Љупчо Николовски кој потенцираше дека добрата соработка помеѓу локалните и државните институции дава резултати.

,, На дело може да се видат резултатите кога ќе се соединат капацитетите дека навистина може да се излезе во пресрет и на граѓаните и на земјоделците од овој регион. Знаеме за сите поплави кои што се случија, за непогодите кои што ги доживеа и овој регион,  ја знаеме сликата и од претходно.,, рече Љупчо Николовски – министер за земјоделие

За градоначалникот на општина Струмица  Коста Јаневски неисчистените канали се еден од најголемите проблеми во регионот чие решавање и граѓаните го имаат поставено како главен приоритет.

,, Општина Струмица и порано правеше напори каналите кои што се во ингеренции на општината да ги исчисти, меѓутоа ефектот секогаш беше недоволен, некомплетен затоа што поголемите канали кои не се во ингеренции на општината секогаш остануваа недоволно исчистени.,, рече Коста Јаневски – градоначалник на општина Струмица

Освен во општина Струмица во моментот се работи на чистење на речните корита и одводните канали и на територијата на општина Босилово. Според најавите со оваа активност ќе бидат опфатени сите најкритични места кои со секои обилни врмнежи од дожд создаваат проблеми.


 

сител.ком

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close