Се договара новото производство на тутун

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

До 10-ти април тутунарите ќе склучуваат договори за новото производство. Годинава по долга пауза има и заинтересирана грчка фирма за откуп на широколистниот тутун од типот Вирџинија.

se dogovara novoto proizvodstvo na tutun

 

Според пријавите за склучување на договори интересот за производство е поголем од лани.

Годинава се продадова 19.000 тони тутун со просечна цена од 185 денари за килограм, а на сметки тутунарите добија вкупно 56 милиони евра од откупните претпријатија.

Исплатени се и 10 милиони евра субвенции на 18.000 тутунари кои родот го предадоа до 15 јануари.

Наскоро ќе почне исплатата и на останатите 9 милиони евра.

Share Button