Државата да интервенира во откупот на пченица- бараат производителите

(Oвој напис е објавен на: July 31, 2018)

 

Државата да изврши интервентен откуп на пченица, побарат производителите на лебно жито, на средбата меѓу полјоделци од полошкиот, пелагонискиот и скопскиот регион што се одржа во Прилеп. Сметаат дека според Законот за земјоделство и рурален развој постојат услови за тоа, бидејќи производната цена од 9,14 ден  утврдена од Министерството за земјоделоство е повисока од пазарната која е најниска во регионот. Пченицата се откупува од 7 до 8,5 ден. Интервентниот откуп е неопходен во спротивно ќе бидат принудени да го напуштат производството на пченица.

Земјоделците се разочарани и гневни од моменталната сосотјба. Не може да ги покријат трошоците и  да ги планираат приходите и производството така што  размислуваат да го напуштаат производството на оваа  важна култура во државата.

– Родот на пченицата годинава е едно според проекциите, а друго во практиката. Жетвата на пченицата во Македонија е при крај, но последиците се големи. Имаше град, поплави, ветер. Најлошо беше во штипскиот и во велешкиот регион. Жетвата е при крај, а ние сме во незавидна ситуација зашто откупната цена е пониска од производствената. Од Министерството за земјоделство кажаа дека производната цена е 9,14 денари, но откупната се движи од 7, максимум до 8,5 денари како што е во пелагониско. Не знам што да правиме, неопходен е интервентен откуп од државата зашто се исполнуваат законските норми. Производната цена од 9,14 денари е повисока од откупната цена, вели Стеванче Орданоски, земјоделец од Пелагонија.

– Откупната цена треба да е повисока од откупната и ние баравме таа да е 12 ден по килограм. Бараме интервентен откуп исто онака како што се спроведува во Србија каде што Владата спроведува интервентен откуп на пченицата за време на жетва со дефинирана цена. Само така може да се влија на стабилизација на пазарот. Од друга страна земјоделците мора да имаат договри со откупувачите и да знаат што да прозведуваат, за која цена. Само вака може да се помогне на земјоделцит “, вели Мемед Синани земјоделец од Полошкиот регион.

Според берзанските цени, Македонија има најниска иткупна цена на пченицата во регионот која се движи од 7 до 8,5 ден по колограм . Во Хрватска е 8,84, во Србија е 9,12, во Бугарија 10, 55 денари за килограм пченица.

 

На средбата чиј организатор е Федерацијата на фармери на Македонија стана збор и за влијанието на климатските промени врз земјоделското производство. Б еше побарано враќање на градобијните ракети за заштита на производството.

– Веднаш да се вратат градобијните ракети од кои во минатото имавме придобивки, потоа влегување на анти-фроз системите, таканаречените оросувачи и заштитините мрежи и фолии во програмата за рурален развој, вели Васка Мојсовска, претседател на Национална Федерација на фармери на Македонија. Мојсовска додава дека мора од страна на надлешните институции да се прават анализи на пазари, да се бараат нови пазари, да се определуваат производсвтените цени на земјоделски производи, договрно производство и воведување на Правилници за продажба од куќен праг.

Павлина Јовановска

Зелена берза