fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Се излеа Крива река во Довезенце

Опасност од излевање на водата од реката Пчиња имало во близина на Коински мост, поради насобрани гранки и секаков отпад, па протекот на водата било отежнато. Екипи од ЈКП „Козјак“ од Старо Нагоричане излегле на терен и го расчистиле сметот.

Крива река вчера се излеа во близина на селото Довезенце, по обилните врнежи
од дожд и зголемениот водостој. Притоа било зафатено земјоделско земјиште, а
водата се доближила до куќите и шталите, пренесе KumanovoNews.

„Од СВР Куманово вчера во 9 часот сме информирани дека во с. Довезенце има зголемен водостој на водите од речното корито на реката Крива река и водата дошла во близина на куќите и шталите. Во 18 часот известени сме дека водите се намалиле, но се уште има излевање на водата од речното корито“, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи(РЦУК).

Опасност од излевање на водата од реката Пчиња имало во близина на Коински мост, поради насобрани гранки и секаков отпад, па протекот на водата било отежнато. Екипи од ЈКП „Козјак“ од Старо Нагоричане излегле на терен и го расчистиле сметот.

Истиот проблем бил пријавен и кај мостот во с. Пчиња, поради насобраните гранки
и дрва кои го попречувале протокот на водата и ја доведувале во опасност и
стабилноста на мостот.

„По добиената информација за с. Пчиња веднаш беа информирани Општината, ЦИК при СВР Куманово, ЈП Водостопанство, ТППЕ единица и ДЗС“, велат од РЦУК.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close