fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Се купува време-откупот на тутунот да се пролонгира до Нова година и да се откупи по ниски цени

Национална земјоделска мрежа укажува на можни манипулации за почетокот на откупот на тутунот

Почитувани тутунопроизводители

Се одржа и долго очекуваната средба помеќу откупните фирми, ресорното министерство како и Сојузот на земјоделски здруженија.  Како тутунопроизводители добивме официјални и штури информации од страна на ресорниот министер за земјоделие дека се разговарало и се констатирало дека тутунот е со одличен квалитет и дека откупните фирми се подготвени да започнат со откупот. Не слушнавме ни збор за корекции на цената од страна на ниеден од трите социоекономски партнери, а најмалку од страна на Сојузот како легитимен преставник на нас тутунопроизводителите. Сето ова дава за право да се посомневаме во чесните намери на учесниците на средбата околу оправданите и аргументирани барања од страна на нас тутунопроизводителите за корекција на овогодишната откупна цена на тутунот.

Почитувани тутунопроизводители ние како Национална земјоделска мрежа сакаме да укажеме дека се остава простор за манипулации односно купување време од страна на откупните фирми се со цел да се пролонгира откупот до период од пред Нова година притоа искористувајќи ја тешката социјална состојба во која се наоѓаат тутунопроизводителите, а пред новогодишните и верските празници да се откупи на брзина што поголема количина на тутун по цени кои одговарат на откупните фирми далеку пониски од реално економско одржливи цени.

Ние како Национална земјоделска мрежа уште еднаш упатуваме итен и јавен АПЕЛ до  Министерство за земјоделие под итно и под нивно медијаторство да свика состанок меѓу нас тутунопроизводителите и откупните фирми со единствена цел да се најде заедничко одржливо решение околу корекциите на откупните цени и со самото тоа да се отпочне со непречен откупот на тутунот. Во ова прилика сакаме ја да упатиме јасна порака до откупните фирми да не тактизират и да се поигруват со макотрпниот труд на тутунопроизводителите затоа што на крај најголеми губитници ќе бидат токму тие, а секако и државата односно никому нема да биди од интерес ваквиот игнорански и понижувачки однос од нивна страна.

Национална земјоделска мрежа-претседател Ѓорги Каракашев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close