fbpx
Агро бизнисВестиВиноМакедонијаТоп вести

Се откажува годинашниот „Тиквешки гроздобер” поради превентивните Ковид мерки

Според програмата, манифестацијата требаше да биде тридневна и да се организира во септември.

Манифестацијата „Тиквешки гроздобер” годинава нема да се одржи поради превентивните КОВИД мерки, одлучи Советот на општина Кавадарци. Советниците денеска на седница одлучија да ја изземат оваа точка од дневниот ред.

Според програмата, манифестацијата требаше да биде тридневна и да се организира во септември. Предвидени беа дегустации на традиционална храна и тиквешки пијалоци, изложба на олдтајмери, два карневала, како и забавно-музичка програма.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close