вести

Се отворија границите за јајцата кои се произведуваат во домашните фарми

Се отворија границите за јајцата кои се произведуваат во домашните фарми. Дел од домашните компании по строгите контроли од Брисел, веќе добија зелено светло за извоз на европските пазари.

se otvorija granicite za jajcata koi se proizveduvaat vo domashnite farmi

 

Фармата „Шест браќа“ од скопско Батинци веќе се извезува во Грција, Бугарија и во Хрватска. Менаџерите на оваа фарма велат дека оваа е голем чекор напред за нивната компанија, а се планира извоз и во останатите земји од регионот и Европа.

Сопствениците велат дека само со посветена работа на сите членови од семејството успеале од погон под кирија, да изградат сопствена фарма која планираат во наредните месеци да ја прошират. Се планира од три, да станат пет производни погони. Ќе се отворат и нови работни места.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close