fbpx
ВестиТоп вести

Се подготвува огласот за доделување државно земјиште на сточари

Објавен е повикот за поднесување барања за исплата на 50 отсто од трошоците за набавка на педигриран добиток, соопшти денеска министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Станува збор за мерката од Програмата за рурален развој за набавка на педигриран добиток од увоз или со потекло од признати организации за они фармери кои го набавиле добитокот до 31 декември 2017 година.

– Со цел поефикасна искористеност, Владата за следните огласи за оваа мерка ги измени условите. Прво ќе се објавува огласот, потоа ќе се склучува договорот и по реализација на набавката ќе се изврши исплата. На овој начин се обезбедува поголема сигурност за оние што ќе извршат набавка, изјави Николовски кој по повод Светскиот ден на млекото присуствуваше на настан во Млекара АД Битола.

Министерот информира и дека е во тек подготовката на наменскиот оглас за доделување државно земјоделско земјиште под закуп за сточари со цел поголемо и посигурно производство на добиточна храна. Огласот треба да биде објавен следната недела.

– За производство на квалитетно млеко, МЗШВ презема конкретни мерки. Преку Програмата за финансиска поддршка годинава субвенциите се 3,5 денари по литар за предадено сурово кравјо млеко и четири денари по литар за предадено овчо и козјо сурово млеко во преработувачки капацитети, истакна Николовски.

Согласно Националната петгодишна програма за финансиска поддршка во земјоделството од 2019 година, планирано е исплатата на субвенции да биде според класата на суровото млеко: за литар екстра класа четири денари, а за прва и втора класа 3,5 денари. Годинава за 10 отсто се зголемени субвенциите по грло за сточарите со развоен потенцијал.

На настанот во Битолска млекара им беа додели плакети на најуспешните производители на млеко во 2017 година. Покрај Николовски, присуствуваа и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој Никола Бабовски, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, како и посебниот советник за земјоделство на премиерот, Ленче Николовска.

Генерален директор на Млекара АД Битола Ѓорѓи Петрушев рече дека успешноста на компанијата базира на градење и негување стабилни и долгорочни партнерски односи со кооперантите, преку постојана поддршка, совети, едукација и навремена исплата на откупеното млеко.


 

бриф

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close