fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сè помалку вода достапна за потребите на земјоделството

До 2050 година, повеќе од 80 отсто од земјиштето што сега е посветено на земјоделството повеќе нема да има доволно вода за одгледување на земјоделски култури.

До 2050 година, повеќе од 80 отсто од земјиштето што сега е посветено на земјоделството повеќе нема да има доволно вода за одгледување на земјоделски култури. Ова значи дека нивната култивација сосема извесно ќе треба да се пресели и концентрира на други места од земјината топка.

За жал, уште еднаш треба да се соочиме со тоа колку климатските промени може да имаат сериозни последици врз животот на човекот. Едно истражување во фокус го става недостигот на вода што може го погоди над 80% од обработливото земјиште на планетата – драматичен факт што станува реалност! Студијата започна со испитување на сегашните и идните потреби за вода неопходни за глобалното земјоделство, со цел да се утврди количината на потребна вода за оваа намена во 2050 година. Трудот ја утврди количината вода што ќе биде потребна за наводнување, притоа земајќи го предвид зголемувањето на побарувачката за земјоделски производи со растот на населението, и достапноста на водата – онаа од астмосферските врнежи (сина вода) и онаа присутна во подземјето (зелена вода).

Накратко, студијата покажува дека 80% од сите обработеливи површини во светот ќе се соочат со недостиг на вода. Во текот на изминатите 100 години, побарувачката за вода порасна двапати побрзо од растот на човечката популација, а тоа веќе создаде сериозни проблеми, особено во областите погодени од суша, како што е западниот дел на Соединетите американски држави, на пример, којшто со вода се снабдува воглавно од сливот на реката Колорадо. Во конкретниот случај, САД напорно работат на оптимизација на искористувањето на водата од езерото Пауел, формирано со изградбата на браната Глен Кањон, на реката Колорадо, но нема сомнежи дека дождот е неопходен за да се ублажи недостигот на вода во сушните региони… во спротивност единствено решение ќе биде да се напуштат тие области.

Главниот воден ресурс за земјоделството е таканаречената зелена вода, онаа што се акумулира во подземјето и се користи за наводнување, а чијашто количина е директно поврзана со количината на атмосферскиот талог (водата што паѓа од небото) во текот на една деценија. Според истражувачите, климатските промени ќе доведат до нагло намалување на подземните води во следните неколку години, што значи дека е многу мала веројатноста за да се одржи обемот на производство на земјоделски култури потребни за растечката светска популација.https://emiter.com.mk/vesti/19983

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close